Некогашниот фудбалер на Челзи, Џо Кол, ја анализираше играта на Ентони кој беше купен како големо засилување за Манчестер Јунајтед во летото во 2022 година.
„Црвените ѓаволи“ за неговите услуги му платија 100 милиони евра на холандскиот Ајакс. Сепак, Бразилецот по доаѓањето на „Олд Трафорд“ не ги исполни очекувањата и на 84 натпревари постигна скромни 12 голови и направи 5 асистенции.
„Тој е талентиран фудбалер со одлична техника. Не гледам дека има влијание во стартниот тим на Јунајтед. Мислам дека ќе го пуштат да си оди“ – вели Кол.

