Ливерпул планира да ја оживее трансфер офанзивата со играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди во јануарскиот преоден рок. Фудбалерот кој беше шампион со Шпанија на ЕУРО 2024 беше трансферна цел бр.1 на „црвените“ изминатото лето, но шпанскиот клуб не го пушти играчот да си оди.
Покрај тоа, тој исто така ја одбил понудата, претпочитајќи живот во Шпанија отколку во Англија. Ливерпул дури ја прифати откупната клаузула на играчот, но до трансфер никогаш не дојде.
Според трансфер специјалистот Фабрицио Романо, Ливерпул и понатаму сака да ги осигура услугите на играчот. Токму поради тоа Англичаните повторно ќе прашуваат за играчот во текот на зимскиот преоден рок.
По неуспехот околу него, „црвените“ не ја земаа неговата алтернатива. Во последните денови се појавија информации дека играчот од средниот ред сериозно жали што веќе не ја прифатил понудата летото.
Реал Сосиедад имаше многу лош почеток на сезоната и има само пет бода од првите седум натпревари во Ла Лига.

