Тренерот на Барселона , Ханс Дитер Флик, одговори на прашањето дали клубот ќе бара нов голман по повредата на Марк-Андре тер Штеген.
„Да потпишеме со нов голман? Како прво, на Ињаки Пења му оди многу добро во моментов. Тој е голем професионалец. Ние сме уверени во него. Вториот голман е секогаш тежок, но е подготвен за игра. Му веруваме, но ќе разговараме што да правиме понатаму. Имаме многу млади играчи. Во моментов не чувствуваме никаков притисок. Се чувствуваме удобно со Ињаки“, изјави Флик за „АС“.
Првиот голман на Барселона , Марк-Андре тер Штеген заработи тешка повреда на мечот со Виљареал и беше заменет од Ињаки Пена. Германецот беше изнесен од теренот на носилки. Подоцна се дозна дека Германецот ќе биде надвор од терените седум до девет месеци.

