Првиот голман на фудбалскиот состав Барселона, Марк-Андре тер Штеген, кој имаше операција на коленото и практично ја заврши сезоната, се заблагодари за поддршката што ја доби од сите страни.
-Сакам да им се заблагодарам на сите поддржувачи на Барса, моите соиграчи, ривалите на клубот и моите пријатели. Им благодарам и на навивачите на Вилјареал за покажаната почит на стадионот – напиша Германецот.
Тер Штеген ќе има долг процес на рехабилитација кој ќе трае најмалку седум месеци.

