Игор Стефановски – Иџе кој го освои првото место во Групата 1 на Европскиот шампионат во автомобилизам на ридски патеки, во интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ, вели дека успехот има дополнителна тежина бидејќи е остварен со сосема ново возило – „Ферари“.
„Прв пат излегов на патеките со новиот автомобил и практично без посебни подготовки. Реално гледано, конкуренцијата во така наречената класа без лимит беше крајно тешка. Таму има возила што се вистински -„ѕверови“ во поглед на моќноста, аеродинамиката и сите пропратни карактеристи а воланите ги држат крајно искусни натпреварувачи“ – вели Стефановски.
„Јас сум презадоволен како ја завршивме сезоната. Верувајте, не е лесно да се задржи максимална концентрација и да се вози таква моќна „машина“. Адреналинот беше на високо ниво на сите трки низ Европа. На крајот, повторно покажавме дека имаме квалитет да го презентираме македонскиот спорт и нашата земја во меѓународна конкуренција. Сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката а посебно на мојот победнички тим“ – нагласи Стефановски во разговорот кој можете да го проследите на следниов ЛИНК. https://audio.com/sportsko-radio-90-3-fm/audio/gotov-razgovor-so-igor-stefanovski-idze-250924

