Искусното крило во редовите на ракометниот состав Вардар, Гоце Георгиевски, верува дека „црвено-црните“ ќе го искористат домашниот терен и ќе победат на саботниот меч со големиот ривал, Еурофарм Пелистер.
„Сите знаеме дека не чека најголемото дерби во Македонија. Можам да кажам дека се подготвуваме како и за секој друг противник“ – вели Герогиевски.
„Игравме со нив на Струшкиот турнир но, сега ќе биде сосема друга приказна. Верувам во позитивен резултат и ги повикувам нашите верни навивачи да дојдат во салата“ – изјави Георгиевски на средбата со новинарите.

