Третиот телекомуникациски оператор на територијата на Македонија, МТЕЛ, од денеска е генерален спонзор на Првата машка кошаркарска лига.
„Верувам дека поддршката од МТЕЛ ќе им даде дополнителен ветер во грб на клубовите да дадат сè од себе и во што подобри услови да придонесат за повозбудливи натпревари. Благодарност огромна до нашите пријатели во МТЕЛ кои ја препознаа мотивацијата на раководството на КФСМ и заедно со желба за нови победи и континуиран развој одлучија да застанат покрај нас“ – истакна Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ.
„Среќни сме и почестени што станавме генерален спонзор на најдоброто натпреварување во македонската кошарка кое отсега ќе се именува како МТЕЛ Прва машка лига. Како компанија, длабоко сме посветени да соработуваме со спортските федерации и клубови“ – вели меѓу другото генералниот директор на МТЕЛ, Марко Лопичиќ.

