Манчестер Јунајтед повторно не успеа да победи на натпревар од европските купови. Синоќа избраниците на Ерик Тен Хаг ремизираа со Твенте во 1. коло од Лигата на Европа.
На последните 9 натпревари во европските натпреварувања, Манчестер Јунајтед победи само на еден – против Копенхаген (1:0) во групната фаза од последната Лига на шампиони.
5 средби завршија со пораз, а 3 завршиле нерешено.
Минатата сезона „ѓаволите“ одиграа 6 натпревари во Лигата на шампионите, од кои четири загубија, а еднаш ремизираа. Во сезоната 2022/23, тимот го заврши настапот во Лигата на Европа со елиминација од Севиља.

