Лина Ѓорческа го продолжува патот кон победничкиот пехар на ИТФ фјучерсот во Куршумлијска Бања (Србија) што се игра на земјена подлога за награден фонд од 60.000 долари.
Таа во 1/8 финалето забележа сигурна победа против првата носителка, Пана Удварди од Унгарија со 2-0 по сетови 6:0 и 6:3.
Ѓорческа сега во 1 /4 финалето ја ја очекува меч со Далила Јакуповиќ од Словенија која се наоѓа на 252 место на ВТА листата.

