Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Мануел Нојер се врати на тренинзите на Баерн Минхен
    Фудбал

    Мануел Нојер се врати на тренинзите на Баерн Минхен

    risteBy riste27/09/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Мануел Нојер се врати на тренинзите на Баерн Минхен откако се опорави од повредата на тетивата. Голманот треба да го започне првиот саботен натпревар од Бундеслигата против шампионот Баер Леверкузен.

    Баварците ова го соопштија во четвртокот попладне откако Нојер тренираше индивидуално претходните денови.

    Ветеранот ја заработи повредата за време на победата на „црвените“ од 9:2 во Лигата на шампионите против Динамо Загреб минатата недела и го пропушти дуелот против Вердер Бремен на крајот од минатата недела.

    Баерн, исто така објави дека напаѓачот Матијас Тел, се вратил во целосна акција откако ги надминал проблемите со грбот. Баерн имаше силен почеток на сезоната под водство на новиот тренер Винсент Компани. Баварците по четири одиграни натпревари се на врвот во Бундеслигата со вкупно 12 бода.

    Баер Леверкузен е втор со девет бода, откако на крајот на август го претрпе првиот лигашки пораз по 15 месеци. Баер минатата сезона триумфираше на првото место во Бундеслигата, завршувајќи без ниту еден пораз.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.