Откако излезе веста дека напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, ќе ја добие наградата – „ Златна топка“, се појавија различни реакции од страна на видни личности во светот на „бубамарата“.
Легендата на германскиот фудбал, Лотар Матеус, вели дека признанието треба да го добие играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри а не на напаѓачот на „кралевите“.
„Освојувањето на Лигата на шампионите и титулата во Ла Лига се големи адути на Бразилецот но, јас би го ставил на третото место“ – вели Матеус.

