Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»КФСМ ја укина котизацијата кај мажите
    Домашен микс

    КФСМ ја укина котизацијата кај мажите

    dinoBy dino27/09/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Првите луѓе на мак-кошарката денеска на средба со новинарите објавија дека се се укинува котизација за екипите кои се дел од Првата машка лига откако пред неколку дена беше потпишан договор за спонзорство со телекомуникацискиот оператор – „МТЕЛ“.

    „Договорот е потпишан на една година со можност за дополнителна соработка за уште три. Со него се овозможува клубовите да бидат комплетно ослободени од трошоците за котизација и тоа првпат по 14 години. Нема да застанеме тука, нашите амбиции се тоа да го продолжиме и со Првата женска лига и во младинските лиги. Преговорите се во тек, се надевам дека тоа наскоро ќе можеме и официјално да го потврдиме“ – истакна генералниот секретар Владимир Георгиевски.

    „Свесни сме за шпекулациите, сите сме запознаени како оди тој процес. Клубовите имаат притисок, ни се јавуваат ни кажуваат дека имаат притисоци, од кој и како, ќе видиме. Нема клуб на кој не сме помогнале досега, почнувајќи од младинци, па до последниот клуб во Првата лига. На тоа прашање сме мирни, работиме за доброто на македонската кошарка“ – одговори претседателот, Перо Антиќ, на новинарско прашање дали има најава за промени и ново раководство на КФСМ.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.