Атлетико Мадрид одлучи да го откаже настапот на мексиканската пејачка Дана Паола на нивниот домашен стадион, закажан за пауза во натпреварот од 8. коло од шпанската Примера лига со Реал Мадрид (29 септември) поради признанието на пејачката дека навива за Кралскиот клуб.
Мексиканската пејачка на шпанската телевизија признала дека го сака Реал Мадрид. Како одговор на водителката на програмата зошто се согласила да настапи на полувремето од споменатиот натпревар, Паола одговорила:
„Бидејќи навивам за Реал Мадрид, зошто инаку? Навистина сум возбудена бидејќи првпат ќе ги видам лично“ биле зборовите на Паола.
Покрај тоа, Паола прогнозирала дека Реал Мадрид ќе победи со резултат 2:1.

