Вечерва ќе се одигра еден од најинтересните натпревари во цела Европа. Атлетико и Реал ќе се соочат во битката за Мадрид. Пресметката на „Ванда Метрополитано“ започнува во 21 часот, а билетите се одамна распродадени.
Двата тима се единствените во Ла Лига кои не загубиле од почетокот на сезоната, откако Барселона синоќа загуби со 4:2 од Осасуна. Сепак, евентуална победа нема да ги стави ниту Атлетико ниту Реал на врвот. Барселона има 21 бод, Реал Мадрид 17, а Атлетико 15 бода.
Сепак, психолошката предност е дефинитивно на страната на Атлетико, бидејќи Реал Мадрид победи само на една од последните 5 средби со Атлетико Мадрид во сите натпреварувања. На последните две гостувања на „Метрополитано“, Реал прими седум гола во поразите од 2:4 во Копа дел Реј и 1:3 во Ла лига.
Атлетико беше последниот тим што го победи Реал Мадрид во Ла Лига. Тоа се случи пред повеќе од една година – на 24 септември 2023 година, по што играчите на Карло Анчелоти забележаа неверојатна серија од 39 последователни натпревари без пораз во шпанскиот шампионат (29 победи и 10 нерешени).
Натпреварот на „Ванда Метрополитано“ е уште една епизода од тренерскиот дуел меѓу Диего Симеоне и Карло Анчелоти. Досега билансот е изедначен – 9 победи и 6 нерешени во 24 натпревари.
Претстојното дерби ќе биде посебно и за Тибо Куртоа, кој е поранешен голман на Атлетико. Белгиецот е единствениот играч на Реал кој нема пораз на официјален натпревар од домаќините. Откако беше дел од неговиот сегашен тим, Реач 4 пати падна пред нивниот градски ривал, но од различни причини Куртоа не играше на ниту една од тие средби.

