Некогашниот англиски репрезентативец Гери Линекер по вчерашниот пораз на Манчестер Ј. на домашен терен од Тотенхем беше дециден дека не гледа начин како Ерик Тен Хаг може да ги сврти работите во Манчестер Јунајтед и вели дека „црвените ѓаволи“ тешко дека ќе успеат да излезат од оваа резултатска криза со овој начин на игра.
Шпекулациите за неговата иднина изгледа ќе се интензивираат во наредните денови, а поранешниот англиски напаѓач не верува дека Холанѓанецот може да избегне отказ.
„Ова носи се повеќе болка за навивачите на Манчестер Јунајтед. Колку пати сме прашале кој е нивниот план, каков е нивниот начин на игра? Тешко е да се види како Tен Хаг всушност би мoжел да го промени ова сега, нели? Ќе биде под страшен притисок. Кој знае што мислат сопствениците, никогаш не се знае. Ќе видиме што ќе се случи во следните неколку дена, бидејќи ќе има некои последици поради овој конкретен настап“, вели Линекер.

