Тренерот на Реал (М), Карло Анчелоти за ремито на Реал Мадрид на гостувањето кај Атлетико Мадрид (1:1) во Ла Лига вели дека можеше да биде и чиста победа.
„Ремито на некој начин носи поделени чувства, бидејќи бевме многу блиску до победа, но во исто време е сосема природно во смисла дека противникот е силен, има ресурси и сериозен квалитет. Штета што не ја задрживме победата во последните минути. Кога поведовме, игравме многу добро и ја контролиравме играта. Бевме многу блиску до победа. Сè уште се бориме за титулата. Нема очај, тука беше сосема реално да биде нерешено. Во текот на натпреварот двете екипи ја контролираа играта. Наша задача беше да се браниме подобро од минатата сезона и успеавме. Можевме побрзо да ја движиме топката, но мора да земеме во предвид дека имаме напорен календар, така што е невозможно да се игра со полна брзина на сите натпревари“, изјави првиот човек на клупата на Реал Мадрид.

