Војчех Шчесни ќе го носи дресот со бројот 25 доколку се реализира неговиот трансфер во Барселона, наведува –„Мундо Депортиво“.
Полскиот голман вчера ги помина медицинските тестови и според сите проценки ќе потпише едногодишен договор со шпанскиот фудбалски состав.
Тој доаѓа како времена замена за Андре Тер Штеген кој заработи потешка повреда и ќе паузира до крајот на сезоната.


