Селекторот на фудбалската репрезентација на Сенегал, Алиу Сисе е разрешен од функцијата, соопшти Фудбалскиот сојуз на Сенегал.
Одлуката доаѓа како резултат на незадоволството од резултатите и се поголемата непопуларност на Сисе во земјава. Сисе помина повеќе од девет години на чело на националниот тим и го освои Купот на Африканските нации во 2022 година со Сенегал.
Фудбалската асоцијација на Сенегал исто така соопшти дека добила писмо од министерот за спорт Кади Диен Гаје во кое не се одобрува продолжувањето на договорот на Сисе, кој истече на 31 август.

