Крилниот напаѓач на Реал (М), Родриго вчера не настапи на натпреварот со Лил (0:1) поради проблеми со грбот. Ова го потврдија по натпреварот од „кралскиот клуб“.
Родриго го мина вториот меч од Лигата на шампионите на клупата за резерви, откако се повреди на неделниот натпревар од Ла Лига против екипата на Атлетико (М).
Според информациите, сепак, не станува збор за посериозна повреда и се очекува Родриго брзо да се врати во стартниот тим на Анчелоти.

