Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери ја оцени победата на својот тим над Баерн како уште еден голем чекор на тимот оваа сезона.
„Сакаме да играме постојано во Европа на високо ниво. Се боревме одлично и победивме. Можеби ќе бидеме меѓу осумте најдобри екипи, тоа ни е целта. Ова беше голем чекор за нас“, изјави тренерот на Астон Вила .
По 2 натпревари, клубот од Бирмингем со 6 бодови го дели првото место со 6 клуба во генералната фаза од Лигата на шампионите.

