Наградата „тренер на месецот“ во Италија за месец септември ќе му биде врачена на тренерот на Наполи, Антонио Конте, јави агенцијата АНСА.
Трофејот ќе му биде врачен пред натпреварот помеѓу Наполи и Комо во Серија А. Наградата ја доделува жирито кое ги оценува тренерите по спортско-технички критериуми како и квалитетот на играта.
„Од неговото пристигнување во Наполи, Конте ја пренесе на своите играчи својата филозофија, која се заснова на напорна работа, амбиција и победнички менталитет. Овој нов став му овозможи на Наполи веднаш да постигне позитивни резултати, оправдувајќи го изборот на претседателот Де Лаурентис да го донесе на клупата на Наполи, еден од најуспешните тренери во светот“, беше коментарот на жирито.

