Медиумите во Италија наведуваат дека челниците на Џенова нема да се откажат од идејата да го ангажираат фудбалерот, Деле Али, кој остана без клуб откако му истече договорот со Евертон.
28-годишниот играч од средниот ред последниот меч го има одиграно пред речиси година и половина.
Џенова која загуби три натпревари по ред во сите конкуренции, сака да го засили средниот ред и затоа ќе се насочи кон поранешниот фудбалер на Тотенхем.

