Томас Тухел може да го наследи тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, кој полека ја губи довербата кај челниците на англсикиот состав, наведуваат денеска медиумите во Англија.
Според наведеното, Германецот сака да се врати во Премиер-лигата, бидејќи верува дека англискиот фудбал одлично се вклопува со неговата тренерска филозофија.
Ќе потсетиме дека холандскиот стручњак го презеде кормилото на „црвените ѓаволи“ во 2022 година но, не успеа да ги донесе посакуваните трофеи.

