Новиот голман на Барселона, Војчех Шчесни го одржа својот прв тренинг со тимот откако во средата потпиша со каталонскиот гигант.
Полскиот голман се вклучи во активностите под водство на Ханзи Флик, по повеќе од два месеци отсуство од теренот. Шчесни ќе треба постепено да влезе во натпреварувачки ритам и не се очекува да започне на претстојниот натпревар против Алавес. Сепак, постои шанса тој да биде вклучен во составот за натпреварот.
Друг играч кој исто така тренираше со тимот е Гави. Играчот од средниот ред, кој работеше на специјална програма за опоравување на почетокот на неделата, денеска можеше да учествува во дел од колективните активности. Гави добро напредува со опоравувањето од повредата на коленото, но се уште не е целосно подготвен за игра.

