Тренерот на Челзи, Енцо Мареска ги сподели своите размислувања за конкуренцијата со Манчестер Сити и лондонски Арсенал.
„Јас навистина не мислам дека можеме да се натпреваруваме со Манчестер Сити или Арсенал. Мислам дека не затоа што не сме подготвени.
Причината е што Сити е со ист менаџер девет години, а Арсенал пет години. Ако сакате да се борите за големи работи, потребно ви е време. Откако Арсенал го победи ПСЖ, го прашаа Луис Енрике и тој го кажа истото, дека Арсенал има ист менаџер веќе пет години, а тие имаат само една и пол година.
Замислете, имаме само три месеци… Значи, тоа е огромна разлика. Така, јас сум навистина убеден дека не можеме да се натпреваруваме со овие клубови“, рече Мареска во изјава за Би-Би-Си.

