Дефанзивецот на Реал Мадрид, Дани Карвахал е тешко повреден по победата на неговиот тим над Виљареал со 2:0.
Десниот бек беше принуден да го напушти теренот со солзи во очите. Во текот на ноќта тој самиот на социјалните мрежи објави дека ги скинал вкрстените лигаменти на десното колено и дека треба да се оперира.
Тоа значи дека сезоната за дефанзивецот на Реал Мадрид завршува, пишува „АС“.

„Повредата е потврдена – сериозна е, скинати вкрстени лигаменти, ќе морам да се оперирам и да бидам надвор од терените неколку месеци. Веќе со нетрпение очекувам да започнам со моето закрепнување и да се вратам на теренот. Ви благодарам многу за вашите пораки, се чувствувам многу сакан“, напиша Карвахал на социјалните мрежи.

