Кенискиот атлетичар Хилари Чемвено е победник на 20-тото издание на Виз Ер Скопски мартаон кој денес се одржа низ улиците на Скопје. Чемвено ја истрча маратонската патека во Скопје за 2 часа 13 минути и 28 секунди.
Второто место му припадна на неговиот сонародник Даниел Кипротич кој истрча со време 2.13.53 час.
Нашиот Дарио Ивановски беше најдобар македонски натпреварувач, а во генералниот пласман го освои 3-то место со време 2.16:26 час.
Маратон – мажи
1.Хилари Чемвено (Кенија) – 2.13:28
2.Даниел Кипротич (Кенија) – 2.13:53
3.Дарио Ивановски (МКД) – 2.16:26
Маратон – жени
1.Ирене Џеруто (Кенија) – 2.37:52 час.
2.Адријана Поп Арсова (МКД) – 2.39:39 час.
3.Вивиан Џелагет (Кенија) – 2.44.16 час.

