Франциско Консеисао кој настапува за Јувентус како позајмен од Порто, веројатно ќе добие перманентен договор од „старата дама“, наведуваат медиумите во Италија.
Според нив, челниците на италијанскиот состав се презадоволни од досегашните игри на Консеисасо и затоа во наредното лето ќе се обидат да ги купат неговите права од португалскиот состав.
Се претпоставува дека целиот трансфер ќе биде околу 30 милиони евра со вклучени бонуси. Консеикао во сезонава има два гола и една асистенција.

