Кис ван Вондерен е новиот тренер на германски Шалке 04. 55-годишниот Холанѓанец доаѓа на местото на Белгиецот Карел Герец.
Ван Вондерен е поранешен тренер на Го Ахед Иглс , како и поранешен селектор на репрезентацијата на Холандија до 17 и до 18 години.
Шалке 04 се наоѓа на 13. место во 2. Бундес лига по лошиот старт на сезоната и влегува во опасната зона за испаѓање и од втората лига.

