Фудбалерот на лондонски Арсенал, Каи Хаверц ќе ги пропушти натпреварите на репрезентацијата на Германија во Лигата на нации против Босна и Херцеговина и Холандија, соопшти Германскиот фудбалски сојуз.
Хаверц се повлече од националниот тим поради повреда на левото колено, а селекторот на Германија, Јулијан Негелсман наместо него го повика напаѓачот на Мајнц, Џонатан Буркарт.
Германија во петок и гостува на Босна и Херцеговина, а три дена подоцна во Минхен и гостува на Холандија.

