Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Александар Трајковски ги пропушта средбите со Летонија и Ерменија, поради повреда неизвесен и Чурлинов
    Фудбал

    Александар Трајковски ги пропушта средбите со Летонија и Ерменија, поради повреда неизвесен и Чурлинов

    risteBy riste07/10/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалерот на сплитски Хајдук, Александар Трајковски не е подготвен за максимален напор и нема да биде дел од подготовките на македонската А репрезентација за натпреварите против Летонија и Ерменија од Лига на нации. 

    Хрватскиот клуб преку официјално известување од лекарскиот тим информираше за здравствената состојба на Александар Трајковски. Македонскиот репрезентативец веќе одреден период има проблем со мускулот на ногата, истегнување кое го спречува да биде во конкуренција за клупски и репрезентативни настапи. 

    Поради истегнување на мускулот на ногата неизвесно е приклучувањето во репрезентацијата за двата меча против Летонија и Ерменија и на Дарко Чурлинов. Чурлинов се повреди на синоќешниот натпревар на Јагелонија против Легија од полското првенство. Останува да видиме каква ќе биде одлуката на стручниот штаб во репрезентацијата, дали ќе остане на веќе објавениот состав или ќе се одлучи на дополнителен повик на некој играч. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.