Дефанзивецот на Ајнтрахт Франкфурт Робин Кох е уште еден играч кој остана надвор од тимот на Германија за нивните претстојни натпревари во Лигата на нации со Босна и Херцеговина и Холандија.
Од Бундестимот објавија дека неговото место ќе го заземе Кевин Шаде, кој настапува за англискиот Брентфорд.
Кох има проблем со колкот што ќе го остави недостапен за селекцијата на националниот селектор Јулијан Нагелсман. Освен него, надвор од терените се и напаѓачот на Арсенал, Каи Хаверц, крилото на Баерн Минхен, Џамал Мусиала и напаѓачот на Вест Хем, Никлас Фулкруг. Голманот Марк-Андре тер Штеген, кој требаше да го замени пензионираниот Мануел Нојер, поради тешка повреда на коленото нема да игра до крајот на сезоната.
Германија во петок ќе гостува на Босна и Херцеговина во Зеница, а три дена подоцна е домаќин на Холандија во Минхен.

