Тренерот на фудбалерите на Интер, Симоне Инзаги, вели дека мора да се подобри играта во одбраната и дека треба да се задржи победничкиот ритам наметнат во последните три средби во сите конкуренции.
„Мислам дека имаме многу работа за да корегираме одредени слабости. Ќе треба да останеме максимално фокусирани за да ги намалиме грешките“ – вели Инзаги.
„Нероаѕурите“ по паузата за репрезентативните активности ги очекува дербито со Рома во Серија „А“. Мечот е закажан за 20 октомври.

