Атлетико Мадрид го смени името на својот стадион. „Цивитас Метрополитано“ и отсега ќе го носи името „Ријад Ер Метрополитано“.
Тоа веќе го пишува на објектот, со тоа што дебито е на 20 октомври кога Атлетико Мадрид ќе го пречека Легањес. Екипата на Атлетико Мадрид ќе добие 250-300 милиони евра откако ќе потпишат договор на 9 години со арапската компанија.
Атлетико игра на Метрополитано од сезоната 2017/18. Во почетокот објектот го носеше името „Ванда Метрополитано“, потоа беше променето во „Цивитас Метрополитано“.

