Карло Анчелоти нема да добие засилување на десната крилна позиција по повредата на Дани Карвахал. Во 93. минута од натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Виљареал (2:0), Карвахал се здоби со сериозна повреда, односно скинати предни вкрстени лигаменти и ќе паузира од 8 до 10 месеци.
Тренерот на Реал Мадрид и неговите помошници веруваат дека на тимот му требаат засилувања во одбранбената линија, исто како по неуспехот на трансферот на Лени Јоро во летото.
Сепак, извори во мадридскиот клуб тврдат дека Реал нема да потпише со никого веднаш бидејќи не гледа добри опции на пазарот на слободни играчи, пренесува „Атлетик“.
Истите извори изразија сериозни сомневања дека клубот ќе се обиде нешто во текот на зимскиот преоден рок. Претходно се тврдеше дека Реал Мадрид планира да му даде понуда на Трент Александер-Арнолд во јануари доколку дефанзивецот не го продолжи договорот со Ливерпул.
Во овој поглед, Анчелоти ја разгледува опцијата за трансфер на централниот дефанзивец Едер Милитао на десното крило, каде Реал Мадрид моментално го има на располагање само Лукас Васкез. Бразилецот играше на оваа позиција во Сао Паоло и Порто и веќе три пати стартуваше десно во Реал Мадрид.

