Белгискиот репрезентативен напаѓач Леандро Тросард се надева дека ќе ја пренесе својата добра форма од Арсенал во тимот на „црвените ѓаволи“ за претстојните натпревари од Лигата на нации против Италија и Франција следната недела.
Се очекува Тросард да ја има главната улога во белгискиот среден ред, која најчесто ја имаше повредениот Кевин де Бруин.
„Сè уште не е разговарано со тренерот (Доменико Тедеско), но ќе биде јасно денес или утре. Сеуште не знам на која позиција ќе играм, но секогаш е убаво да бидеш на твојата најсилна позиција. На Европското првенство, на пример, морав да играм многу улоги, не знам дали ова е мојата најдобра форма, но играм одлично за Арсенал“ изјави 29-годишниот Тросард.

