Јирген Клоп официјално ќе се врати на фудбалот во јануари 2025 година, кога поранешниот менаџер на Ливерпул ќе ја преземе функцијата глобален шеф за фудбал во Ред Бул. Само осум месеци по заминувањето од „Енфилд“, Клоп ќе се врати во клучна улога во австрискиот гигант.
Новата улога на Клоп ќе биде „управување со меѓународната мрежа на фудбалски клубови на компанијата“, вклучувајќи ги Лајпциг, Салцбург, Њујорк Ред Булс, Брагантино и други). Тој ќе биде директно одговорен за тренерските прашања, филозофијата на играта, развојот и трансферите на таленти и тренери.
Клоп, сепак, нема да се меша во секојдневната работа на клубовите, туку „зазема стратешка позиција на повисоко ниво за да ги поддржи одговорните за спортот во понатамошниот развој на играчката филозофија на Ред Бул“. Покрај тоа, 57-годишниот Клоп ќе го искористи своето знаење за да му помогне на Ред Бул во потрагата по врвни таленти и ќе биде вклучен во обука на тренери.

