Фудбалерот на Реал Сосиедат, Мартин Зубименди, нема намера да прифати евентуална понуда од Манчестер Сити.
Познато е дека англискиот состав бара соодветна замена за повредениот, Родри а изборот наводно, паднал на 25-годишниот играч на шпанскиот тим.
„Мислам дека е најдобро за мене да останам во Реал Сосиедад. Имам уште многу да му дадам на клубот, уште сакам да растам и да се развивам тука“ – вели Зубименди.

