Извршниот директор на фудбалскиот состав Јувентус, Маурицио Сканавино, проговори за работата на новиот тренер, Тиаго Мота и за целата ситуација со фудбалерот, Пол Погба.
„Многу сме задоволни и покрај ремито со Калјари. Ние сме на нов пат кој започна многу добро“ – вели Сканавино.
„Погба е одличен фудбалер но, покрај повредите и суспензијата, две години не игра и не тренира. Mожам да потврдам дека разговараме со неговите претставници“ – изјави Сканавино.

