Репрезентативецот, Енис Барди, верува дека ќе покажеме добар фудбал на утрешниот меч кај Летонија во новото коло во Лигата на Нации.
„Верувам дека сме подготвени да одиграме еден добар натпревар и да бидеме на вистинското ниво. Треба да бидеме храбри и да ја покажеме нашата игра од претходните средби“ – нагласи Барди пред утрешниот меч во Рига.
„ Јас сум добро, проблемот со повредата е минато. Секогаш сум го давал најдоброто за репрезентацијата, таа е голем мотив за секој играч“ – нагласи нашиот капитен на денешната средба со новинарите.

