Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Македонија убедлива во Рига против Летонија
    Фудбал

    Македонија убедлива во Рига против Летонија

    risteBy riste10/10/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската фудбалска репрезентација одигра одличен натпревар на гостувањето во Рига и ја совлада летонија со 3:0, а со тоа остана на првото место во групата на Лига Ц на Лигата на нации. Нашите репрезентативци во Рига ја совладаа незгодната Летонија со 0-3 (0-1) и со поголема самодоверба патуваат во ереван кај Ерменија. 

    По само четири минути игра Македонија ја имаше првата шанса и тоа на најнеобичен начин. Димитриевски дегажираше, топката со помош на ветрот заврши пред противничкиот казнен простор, незгодно отскокна и за малку можеше да го измами голманот Матревикс, кој со врвот на прстите ја исфрли во корнер.

    На првиот гол се чекаше до 35.минута кога Јани Атанасов доби топка од Миовски кој одлично беше проигран од Елмас, за Атанасов да и донесе предност на македонија од 1:0.

    Вториот дел започна со закана на Миовски и блок на летонската одбрана. Во 55. минута Милевски изврши двојна замена и наместо Ашковски и Муслиу ги внесе Димовски и Костадинов. На средина од второто полувреме нашиот стручен штаб ги замени Давид Бабунски и Езџан Алиоски и им даде шанса на Милан Ристовски и Лирим Ќамили кој успеа да се запише во листат на стрелци  по една долга топка упатена до Милан Ристовски, а тој ја збуни домашната одбрана, топката дојде до Ќамили кој и донесе предност на македонија од 2:0.

    Во судиското надополнување, Барди одлично се проби до шеснаесетникот на противникот, но беше обколен од тројца противнички играчи, топката се одби и дојде до Елмас кој со прекрасен удар го постигна третиот гол за Македнија и победа од 3:0 на гостувањето во Рига против Летонија. 

    Нашата селекција в недела гостува кај Ерменија во Еревен во можеби одлучувачкиот натпревар за првото место во групата. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.