Офанзивниот играч за врска на репрезентацијата на Аргентина, Валентин Карбони, ќе биде опериран откако го изврте левото колено за време на репрезентативниот тренинг во Мајами, објави неговиот клуб Олимпик Марсеј.
Карбони, кој има само 19 години, игра во Франција како позајмен од италијански Интер. Фудбалерот ќе биде опериран и ќе започне со рехабилитација. Од Олимпик Марсеј му посакаа брзо закрепнување на играчот од средниот ред, кој во март дебитираше за Аргентина.

