Италијанскиот тенисер Јаник Синер е освојувач на Мастерсот во Шангај, откако денеска во финалето беше подобар од Србинот Новак Ѓоковиќ со 7:6, 6:3.
Најдобриот светски рекет до победата дојде за еден час и 36 минути игра.
За Синер ова беше 17. АТП титула во кариерата, а трета на Мастерс турнирите оваа сезона, прва во Кина. Италијанецот ќе ја заврши календарската година на врвот на АТП листата.
Ѓоковиќ остана на 99 титули на АТП турнирите, 40 титули на Мастерс турнирите и четири трофеи на турнирот во Шангај.