Македонската фудбалска репрезентација го потврди пласманот на првото место во групата во Ц-сегментот од Лигата на нации на УЕФА, откако вечерва со 2:0 ја совлада Ерменија на гостувањтео во Ереван. За третата победа на избраниците на Благоја Милевски се погрижија Миовски и Алими со два прекрасни погодоци во второто полувреме на натпреварот.
Откако успеавме во 70 минути да го издржиме притисокот на домашните и неколку одлични шанси кои Димитриевски успеа да ги одбрани, следуваше казната. Во 71. минута Миовски со еден прекрасен шут од далечина погоди за водство од 1:0, додека Алими во 85. минута стави печат на победата со уште еден прекрасен погодок.
По четири кола, Македонија веќе има 10 бода, дури 6 повеќе од селекцијата на Ерменија, Летонија има 3, а Фарските Острови 2 бода. Овие две селекции вечерва ќе го одиграат мечот од ова коло во 20.45 часот.

