Наполи стравува за состојбата со играчот од средниот ред Станислав Лоботка, кој се повреди за време на последното гостување на Словачка во Лигата на нации на УЕФА.
Избраниците на Франческо Калцона го победија Азербејџан со 3:1, а Лоботка мораше да го напушти теренот во 83. минута. 29-годишниот фудбалер побарал да биде заменет откако почувствувал одредена непријатност во мускулот на бутот. Денеска Лоботка ќе оди на прегледи за да се види состојбата со мускулот и дали ќе мора да направи пауза.

