Томас Тухел веројатно ќе биде нов селектор на фудбалската репрезентација на Англија, најавуваат денеска дел од медиумите.
Според нив, 51-годишниот Германец е главен фаворит за наследник на Ли Карсли, кој времено ја има таа улога по заминувањето на Герет Саутгејт.
Тухел уште фигурира на платниот список на Баерн Минхен но, може да го напушти клубот како „слободен агент“ бидејќи Баварците нема да добијат никакво обештетување.

