Откако вчера беше објавено дека германскиот стратег Томас Тухел ќе биде нов селектор на Англија, денеска се објавени и дел од деталите од договорот на Тухел со репрезентацијата на Англија.
Според новинарот Нејтан Гисинг, Тухел ќе потпише договор на една и пол година и ќе започне со работа на 1 јануари. Беше објавено дека платата на тренерот ќе биде помеѓу 4,5 и 5 милиони фунти годишно.
Според најавата, ФА можеби и денеска официјално ќе го претстави Тухел како нов селектор на националниот тим.

