Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Манчестер Сити прави список на кандидати кои би го замениле Гвардиола
    Фудбал

    Манчестер Сити прави список на кандидати кои би го замениле Гвардиола

    risteBy riste16/10/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Менаџерот Пеп Гвардиола нема да го напушти Манчестер Сити за да ја предводи репрезентацијата на Англија, откако ФА постигна договор со Томас Тухел, но раководството на англискиот шампион допрва треба да ја разјасни иднината на шпанскиот стручњак. Договорот на Гвардиола со Манчестер Сити истекува на крајот од сезоната.

    Назначувањето на Уго Виана за наследник на спортскиот директор Чики Бегиристајн ќе има клучна улога во обидот на клубот да најде замена за Шпанецот, пишува весникот „Гардијан“.

    Доколку Пеп Гвардиола го напушти Манчестер Сити, клубот ќе се обиде да го доведе тренерот на португалски Спортинг Лисабон, од каде ќе пристигне и Виана.

    Аморим минатата сезона накратко беше поврзуван со Барселона, а за португалскиот стручњак се поврзуваа и Вест Хем, Ливерпул и Челзи.

    Други кандидати за оваа функција го вклучуваат Мичел, кој е тренер на шпанската Џирона, дел од Сити фудбалската групација. Откако ги презеде Каталонците во 2021 година, тој го однесе тимот во Ла Лига, па дури и ги внесе во Лигата на шампионите оваа сезона.

    Интересно име е и она на Винсент Компани, кој од летото е тренер на германскиот гигант Баерн Минхен. Поранешниот белгиски дефанзивец беше капитен на Манчестер Сити и важеше за еден од милениците на Гвардиола.

    Според други извештаи, газдите на Сити сега се убедени дека ќе можат да го обноват договорот со Гвардиола.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.