Напаѓачот на Рома, Стефан Ел Шарави ќе го пропушти претстојното дерби со Интер овој викенд во Серија А.
Фудбалерот санираше повреда на потколеницата во последните недели, но нема да се опорави за неделната пресметка со шампионот на „Олимпико“, објави „Кориере дела сера“.
Во прашање за настап на натпреварот е украинскиот голгетер на Рома, Артјом Довбик, кој со болно колено се врати од репрезентативниот камп од мечот со Чешка и ќе биде подложен на дополнителни прегледи.

