Фудбалерот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, во текот на јануарскиот трансфер период ќе биде главна цел на Реал Мадрид.
„Кралевите“ се соочуваат со серија на повреди и практично останаа без дефанзивци. Затоа, медиумите шпекулираат дека „белите“ сакаат да го ангажираат брзоногиот бек кој има договор до наредното лето.
Александер-Арнолд кој потекнува од школата на „црвените“ дебитираше за првиот тим во 2016 година. Досега има одиграно повеќе од 140 мечеви.